„ONE tap“ – ОСТАНИ ВО КОНТАКТ!

 

Бидете дел од нашето дигитално семејство и искористете ја новата дигитална можност за брзо и модерно споделување на вашите контакти каде и да сте без ограничување!

 

КАКО ФУНКЦИОНИРА?

Нашите производи поседуваат паметен чип кој безжично со еден допир на картичката со телефонскиот апарат ги испраќа вашите информации до уредот. Споделувањето се случува со притискање на известувањето кое ќе се појави на телефонот на другиот.

Со тоа вашиот профил ќе се вчита во прелистувачот на неговиот телефон.

Не е потребно никаква апликација за да може да се пренесат и примат податоците.

Доколку се случи лицето кому му пренесувате контакт да има постар телефон кој ја нема NFC опцијата, постои можност за пренос со единствениот QR код на картичката.

 

КАДЕ ДА ГО ПОСТАВАМ СТИКЕРОТ НА МОЈОТ ТЕЛЕФОН?

За iPhone: ставете ја вашата налепница на дното на телефонот. Ако го поставите на врвот, постојано ќе го вклучува читачот на вашиот телефон.

За повеќето Андроид уреди ставете ја вашата налепница на дното.

За Галакси уредите ставете ја вашата налепница на горниот дел од телефонот до камерата.

Исто така вашиот стикер можете да го поставите и на други места:

- на вашиот лаптоп

- во вашиот автомобил

- на маса во ресторан

- во вашата канцеларија ..

 

КОМПАТИБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ?

Речиси сите iPhone-и, iPhone XR, XS, XS Max, 11, 11 Pro, 11 Pro Max, SE .

Секако и сите понови Андроид и Галакси телефони кои имаат NFC можност.

Доколку сакате податоците да ги пренесете на уред кои е постар или нема NFC опција тоа можете да го направите преку единствениот личен QR код на вашата картичка!